Нутритивен скрининг за новороденчиња и деца

Секој иден родител посакува здрава иднина и најдобар почеток за своето дете

Што е нутритивен скрининг?

Нутртивен скрининг е ефективен, неинвазивен метод да дознаете дали Вашето новороденче или дете има зголемен ризик да развие интолеранција на лактоза, целикакија и/или сензитивност на горок вкус

Зошто е корисен нутритивниот скрининг?

  • Со цел да можете да донесете правилни одлуки за начинот за исхрана
  • Со цел да ја идентификувате храната која треба да ја избегнувате ако се појават симптоми
  • Со цел појаснување на постоечки симптоми*
  • Обезбеден целосен научен резултат*
  • Робустна научна генетска анализа

Спуштете ја брошурата

*Ако вашето бебе или дете покажуваат симптоми на интолеранција на лактоза, целијакија или чувствителност на горок вкус, мора да побарате совет од здравствен работник без оглед на резултатот од тестот. Вашиот резултат може да го искористи здравствениот работник за да обезбеди дополнителен увид кога се размислува за медицинската нега на вашето дете

Како може да го направам?

Скринингот може да го направите на два начини:

Во пакет за криопрезервација на матични клетки & нутртивен скрининг

Нутритивен скрининг за новороденчиња и деца

Матичните келтки од папочна крв се земаат и испраќаат до нашата лабораторија на денот на раѓање

Нутритивниот скрининг ќе го спроведеме преку мала капка крв од папочната крв и резултатите ќе ги добиете преку е-пошта

Or

Нутритивен скрининг за новороденчиња и деца преку брис од уста

Нарачајте го Вашиот скрининг сет преку нашиот тим

Направете го со едноставно земање на примерок од уста во вашиот дом

Вратете го сетот за колекција и добијте ги резултатите по е-пошта

Повеќето новороденчиња имаат високи концентрации на лактаза, ензимот кој ја вари лактозата. Сепак, многу деца почнуваат да ја губат способноста лесно да ја варат лактозата кратко време по одвикнувањето од доење, бидејќи генетските предизвикувачи предизвикуваат забавување на нивното производство на лактаза. Бидејќи способноста за производство на лактаза е намалена, лактозата во цревата се подложува на бактериска ферментација, што доведува до таложење на гасови. Ова најчесто предизвикува симптоми како што се гасови, надуеност, грчеви и дијареа.

Целијакијата е широко распространета автоимуна состојба која е предизвикана од хиперсензитивни реакции на глутен во исхраната. Глутенот е протеин кој се наоѓа во зрната на пченица, јачмен, ‘рж и спел и следствено се наоѓа во некои од најчестите намирници што се консумираат низ целиот свет. Кај оние со целијачна болест, глутенот предизвикува абнормална реакција на имунолошкиот систем против тенкото црево, делот од дигестивниот систем кој ги апсорбира хранливите материи од храната. Оваа реакција резултира со дијареа, абдоминален оток, грчеви, гадење и во некои случаи може да доведе до застој во растот.

Се верува дека чувствителноста на храна со горок вкус е еволутивен развој кој настанал преку природната селекција, со цел да не спречи консумирање токсични растенија. Сепак, може да предизвика негативна реакција на вообичаената храна, како што се никулците, зелката, брокулата и другите зеленчуци кои содржат соединенија со горок вкус наречени глукозинолати.

Што има во сетот за колекција?

Сет за колекција

Стапчиња за брис (X2)

Биохазардно ќесе

Сигурносна лепенка

Информативен флаер

Поштенско ќесе

Формулар за согласност