Во 2017 година, беше започната иницијална студија со цел да се докаже дали третманот со папочна крв може да ги подобри симптомите од спектарот на аутистични нарушувања (ASD) кај малите деца. По спроведените Фаза I и Фаза II клинички испитувања, резултатите беа објавени во списанието за педијатри (Journal of Pediatrics) во Јуни 2020.
Момчето Гејџ, кое било зачнато со ИВФ, се родило по природен пат после терминска бременост. Неговите родители избрале да го одложат клемувањето на папочната врвка, притоа превземајќи дополнителни мерки на претпазливост при зачувувањето на матични клетки по породувањето. И покрај тоа, на шест месечна возраст неговата мајка Рене била загрижена за неговото здравје откако забележала дека Гејџ се однесува необично. Ползењето на Гејџ било несиметрично, правел повторувачки движења и не воспоставувал контакт со очи.
За да го одбележи месецот за подигнување на свеста и почетокот на новата декада, Future Health Biobank разгледува како матичните клетки од крвта на папочната врвца го трансформираат нашето здравје со помош на зачувување на матични клетки од крв и ткиво на папочна врвца.
Започнато е ново клиничко испитување, со кое се испитува потенцијалниот третман на симптомите од COVID-19 со MSCs добиени од ткиво од папочна врвца (мезенхимални матични клетки). Испитувањето, кое беше одобрено од страна на FDA, ќе биде изведено на 24 пациенти заразени со COVID-19.
Ozzy Osbourne, покажал неверојатно закрепнување по терапија со матични клетки во Панама во третманот на Паркинсонова болест. Легендарниот предводник на „Black Sabbath“ бил дијагностициран со Паркинсонова болест во 2003 година, а неодамна ја одложил турнејата во Северна Америка во 2020 година за да може да оди на експериментално ново лекување.