COVID-19 клиничка студија со употреба на матични клетки од ткиво од папочна врвца

Започнато е ново клиничко испитување, со кое се испитува потенцијалниот третман на симптомите од COVID-19 со MSCs добиени од ткиво од папочна врвца (мезенхимални матични клетки). Испитувањето, кое беше одобрено од страна на FDA, ќе биде изведено на 24 пациенти заразени со COVID-19.

Предводена од меѓународен тим на научници, првиот чекор ќе биде да се тестира безбедноста и ефикасноста на инфузијата на матични клетки изолирани од ткиво на папочна врвца кај пациентите, да се запре животно загрозувачкото воспаление на белите дробови и респираторниот дистрес синдром поврзан со COVID-19.

MSCs беа избрани заради нивните анти-инфламаторни, антибактериски и антивирусни својства. Како главен истражувач на испитувањето, д-р Камило Рикорди, објаснува дека MSCs се клетки кои можат да чувствуваат повреда на ткивата и да промовираат обновување и регенерација на ткивата, така што тоа е нивната исцелителна функција.

Д-р Рикорди истакна колку е клучна нивната работа во справувањето со вирусот:

Нема време да се троши… Пациентите кои умираат од COVID-19 имаат преостанато време од само 10 дена помеѓу првите симптоми и смртта. Во тешки случаи, нивото на кислород во крвотокот се намалува, а отежнатото дишење ги доведува пациентите кон нивниот крај многу брзо; секоја интервенција што може да ја спречи ваквата ситуација би била добредојдена.

Клиничкото испитување на матичните клетки ќе се одржи на University of Miami Health System и and Jackson Health System, Соединетите Американски Држави. Покрај Д-р Рикорди, ќе соработуваат бројни експерти од целиот свет, користејќи ја нивната експертиза за заразни болести, производи врз основа на клетки, пулмонална медицина и критична нега.

Cure Alliance - непрофитна група научници и иноватори - ќе го спонзорира испитувањето и ќе го сподели протоколот со академските институции ширум светот, за да ги охрабри понатамошните тестирања и на тој начин да се забрза патот на пронаоѓање на соодветна вакцина. Со вакви нивоа на академска и медицинска поддршка, резултатите од оваа студија се очекуваат во наредните недели.

FDA претходно ги одобри клиничките испитувања со употреба на MSCs добиени од ткиво на папочна врвца за третман на дијабетес тип 1 и Алцхајмерова болест - кои исто така се изведени на University of Miami Health System.

Што претставуваат MSCs?
MSCs (мезенхимални матични клетки) се вид на специјализирани клетки кои се наоѓаат во ткиво од папочна врвца, забна пулпа и коскена срцевина. Покажуваат способност за обновување и замена на оштетените мускули, коски, масно и 'рскавично ткиво низ целото човечко тело. Оваа неверојатна терапевтска способност ги прави MSCs ветувачки извор на третман за голем број на болести и повреди.

MSCs се предмет на испитување во над 1.000 студии за дегенеративни состојби, како што се Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и болести на моторните неврони, како и оштетување на ткивата како што се слабост на црниот дроб, срцеви заболувања и заздравување на изгореници. Ткивото на папочна врвца и забна пулпа се богат извори на MSCs кои комплетно се неинвазивни за колекција.

Референци:
www.newswise.com/coronavirus/