Петгодишната Сан Лексуан од Кина, е критично болна од ретко крвно нарушување, апластична анемија. Нејзините родители се одлучија за уште едно детенце, за да може за време на неговото раѓање да зачуваат матични клетки од папочна крв, и истата да ја искористат како третман за болеста на првото детенце.
Апластичната анемија е ретко нарушување, кое предизвикува коскената срцевина и матичните клетки да не произведуваат доволно крвни клетки. Родителите на Сан Лексуан имале проблем да најдат соодветен третман за нивната ќерка, но знаеле дека матичните клетки од крв од папочна врвка на брат или сестра ќе обезбедат доволно компатибилен примерок за успешен третман со матични клетки.
Папочната крв изобилува со матични клетки кои се многу поприлагодливи од оние кои се наоѓаат во коскената срцевина. Тие можат да ги обноват оштетените клетки и да се развијат во бели крвни клетки, црвени крвни клетки и тромбоцити. Ова го направи зачувувањето на матични клетки повеќе од популарен извор на заштита за родителите, каде што скапоцените матични клетки може да се замрзнат и да се складираат се до нивна потенцијална употреба во иднина.
Кај Лексуан била дијагностицирана апластична анемија на само три години, а нејзината состојба била стабилизирана со Антилимфоцитен глобулин - серум од крв кој содржи антитела. Сепак, доаѓањето на бебето конечно ќе обезбеди лек и ќе донесе многу среќа и олеснување на семејството.
Со раѓањето на Јивеи во воената општа болница Џинан на 19-ти јануари била колектирана папочна крв, со чија помош Сан Лексуан ја доби својата прва трансплантација на матични клетки користејќи папочна крв од нејзината сестра, непосредно по кинеската Нова Година.
Референци: k.sina.com.cn

