Крвта од папочната врца на бебето девојче дава нова надеж за лечење на апластичната анемија на нејзината сестра


Пет годишната Сун Лексуан, од Кина, е критично заболена од апластична анемија-ретко нарушување на крвта. Нејзините родители донеле одлука да ја зачнат нејзината помлада сестра, Сун Јивеи, со цел нејзината крв од папочната врвца да се искористи за третман на апластичната анемија

 

Апластична анемија е ретко нарушување на крвта кое предизвикува коскената срцевина и матичните клетки да не продуцираат доволен број на крвни клетки. Родителите на Сун Лексуан имале потешкотии во пронаоѓање на соодветен третман за нивната ќерка, но биле запознаени дека матичните клетки од крвта од папочната врвца на брат/сестра ќе овозможат соодветно ткивно совпаѓање за успешен резултат.

Матичните клетки ги има во голем број во крвта од папочна врвца и се поадаптибилни од оние кои се наоѓаат во коскената срцевина. Тие можат да ги обноват оштетените клетки и да се развијат во бели крвни клетки, црвени крвни клетки и тромбоцити. Ова предизвика зголемување на популарноста на зачувување на матични клетки од крв од папочна врвца како безбедносна мерка на родителите, при што матичнните клетки можат да бидат замрзнати и зачувани при раѓањето за потецнијално понатамошна примена.

Откако Лексуан била дијагностицирана со апластична анемија на тригодишна возраст нејзината состојба била стабилизирана со Антилимфоцитен глобулин - серум од крв кој содржи антитела. Доаѓањето на бебето Јивеи конечено ќе овозможи лекување и ќе донесе среќа и олеснување за фамилијата

Крвта од папочната врвца на Јивеи била земена веднаш по нејзиното раѓање во Jinan Military General Hospital на 19 Јануари. Лексуан првиот третман со трансплантација на матичните клетки од крвта од папочната врвца од нејзината сестра го добила веднаш по Кинеската Нова Година.

Земање на папочната врвца на Сун Јивеи при нејзиното раѓање, искористена за трансплантацијата на Сун Лексуан.
Референца:
k.sina.com.cn/