Матичните клетки од папочната крв, можат да помогнат кај пациенти со Акутна Миелоидна Леукемија

Акутна миелоидна леукемија (AML) е распространет вид на рак кај постарите лица.Во моментов се третира со интензивна хемотерапија и форми на подршка што резултира кај 40-60 % од пациентите со целосно повлекување на симптомите на болеста; елиминирање на знаците од рак.Сепак кај поголем дел од пациентите болеста се повторува, што резултира со 5-годишна стапка на преживување од околу 10 %.

За прв пат, хематопоетски клетки и прогениторски клетки (HSPC) кои се издвојуваат од крв од папочната врвца, за прв пат се користат за генерирање на клетки од природен убиец (NK) клетки. Овие НК клетки се покажале дека привремено ја обновуваат функцијата на имунолошкиот систем кај пациенти со Акутна миелоидна леукемија (AML) и да го спречат рецидивот на болеста.

Добиените-HSPC NK клетки се пренесени на десет постари пациенти со AML откако имаат примено лимфодеструктивна хемотерапија. Во наредните неколку дена , инфузираните NK клетки покажуваат знаци на созревање и се воспоставуваат во телата на пациентите. Кај пациентот, NK - клетките успешно го зголемуваат нивото на плазма факторите и индикаторите на нормалните имуни функции. Изненадувачки, 2 од 4 пациенти со MRD во коскената срцевина пред инфузија стануваат MRD негативни за просечно 6 месеци по инфузијата . Овие резултати се надежни за употребата на матичните клетки од папочната крв во развојот на терапијата за канцер.

Клиничко испитување беше спроведено од научниците во Американската Асоцијација за Истражувања за Канцер и објавени во март 2017. Наодите сугерираат дека HSPC - NK клетките може да се користат во иднина како алтернативна форма на имунотерапија за луѓе кои живеат со AML

Иако пристапот кој е опишан погоре е фантастичен чекор напред во продолжување на животот на пациентите со AML, потребно е понатамошна работа во врска со способноста да се убијат туморските клетки.

 

Референци:
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/