Нова и уникатна студија од страна на Stem Cells Translational Medicine покажува значително подобрување во социјалирање на деца со аутизам кога тие подлегнале на терапија со сопствениматични клетки од папочна врвца.
Студијата била изведена на 30 деца и е прва клиничка студија за терапија на аутизам, користејќи зачувана во банка крв од папочна врвца на новороденчиња во САД. Еден од највозбудливите резултати подобрување на зборувањето и социјализацијата на тестираните деца.
Вајнеландовата скала за адаптативни и бихевиорално однесување за социјализирање, е една од најчесто користените за да се измерат вистинските функционални способности, истата покажала значително подобрување после 12 недели на третман со крв од папочна врвца во однос на плацебо третман
- Dr. Chez, Sutter Neuroscience Institute
Нажалост бројката на испитани пациенти не е доволно голема за студијата да достигне позначителни заклучоци од овие резултати. Како и да е контактираните родители се задоволни од подобрувањата во целосниот развој кој самите можат да го забележат на нивните деца. Една мајка Џенифер Лунберг, ни кажа дека забележала промени во однесувањето на нејзиниот син Хајден веднаш по терапијата:
Се обидувавме повеќе од четри години да го научиме сам да оди во тоалет, а со терапијата после две недели почна сам да оди во тоалет. Не мислевме дека ова е возможно.
Истотака тој сега почнува да го разбира генералното значење на јазикот. На пример, јас ќе го прашав да ги отвори вентилите на климата, и тој веднаш знаеше што да направи. Ги нема повеќе истите испади како порано. Навистина е неверојатно. Доколку можеме да го направиме повторни, би го сториле истото пак
- Џенифер Лундберг, Орландо, Флорида.
Студијата беше овозможена преку Sutter Neuroscience Institute of Sacrametno и Sutter Institute od Medical Research. Ги отсликува резултатите на слични не-слепи, отворено-забележани студии направени од Duke University кои покажаа подобрувања во социјализацијата на аутистични деца после инфузија на донирани матични клетки од крв од папочна врвца.
со ова се означува почеток на идни испитувања во тоа како матичните клетки од крвта на папочната врвца можат да помогнат на деца со аутизам. Кликнете овде за да ја прочитате цела студија.
Референци:
http://onlinelibrary.wiley.com

