Родителите на 4 годишниот Апартим Деј Синња од Колката, Индија зачувале матични клетки од крвта од папочната врвца при неговото раѓање. Тие сега ги користат истите во клиничко испитување за помош при третирање на неговиот аутизам.
Апратим ги покажува првите знаци на аутизам на 18 месечна возраст, кога неговите родители забележуваат дека неговата комуникациска способност не напредува како што се очекува.
Ние бевме загрижени, но нашиот локален педијатар остана позитивен. Не советуваше да го следиме во наредните шест месеци. Не забележавме никаква промена во неговото однесување.
Апурба Деј Синња, татко на Апратим
Специјалист во Делхи го дијагностицираше аутизмот на Апратим, нарушување кое влијае на социјалните вештини, говорот, не-вербална комуникација и други однесувања, како и други индивидуални карактеристки. Секоја индивидуа со аутизам ги манифестира овие поединечни нарушување со различен степен на изразеност.
По разгледување на можните третмани, родителите на Апратим откриваат клиничко испитување на Duke Univeristy во 2014 година кое започнува да користи матични клетки од крв од папочна врвца за третирање на аутизмот. Резултатите од клиничкото испитување кај третираните аутистични иднивидуи покажуваат подобрување на социјалните вештини, вокабуларот и однесувањето само шест месеци по третманот со крв од папочна врвца.
Во 2017 година Duke University ги објавува јавно дотогашните резултати од клиничкото испитување, семејството на Апратим е заинтересирано тој да учествува во понатамошното клиничко испитување користејќи ги неговите зачувани матични клетки од папочната крв. По бројните иницијални тестови, 4 годишниот Апратим е прифатен да учествува во клиничкото испитување и неговиот третман се одвива во САД во јули 2017 година. Девет месеци подоцна таткото на Апратим забележува голем напредок и подобрување на комуникациските и когнитивни вештини на неговиот син.
Родителите биле советувани да не донесуваат прерано заклучок за ефективноста на клиничкото испитување, бидејќи има уште многу што да биде подобрено. Сепак случајот на Апратим претставува фантастичен пример како терапијата со крв од папочна врвца може да го подобри животот на децата со аутизам.
Среќни сме што донесовме вистинска одлука да зачуваме матични клетки од папочната врска при раѓањето на нашето дете во 2014 година со LifeCell, кои ги искористивме за третманот на аутизмот на нашиот син. Денеска гледаме голем прогрес во развојот на нашиот син.
Апурба Деј Синња
Повеќе за испитувањето од Duke University можете да прочитате тука