Hamad е 8-годишно момче од Арапските Емирати (UAE), кое било боледувало од српеста анемија. По искористувањето на матичните клетки од својот помлад брат, тој бил успешно излекуван. Третманот со матични клетки кој на ова момче му го променил животот, само го докажува значењето на зачувувањето на матични клетки од Вашето дете на самиот ден на раѓање за нивно потенцијално понатамошно искористување.
Српестата анемија е една од крвните болестите која најчесто се среќава во UAE. Срепстата анемија е нарушување кое влијае на формата и обликот на црвените крвни зрнца, при што тие ја менуваат својата нормална форма од дисковидна во српеста. На овој начин, се попречува нивното непрекинато сиркулирање, при што тие почнуваат да се “слепуваат“ на ѕидовите од крвните садови и при тоа да ги блокираат. Како резултат на тоа се јавува болка, инфекција и оштетување на органите. Овие српести клетки, исто така, не можат нормално да транспортираат кислород до органите, што води до хронична анемија, губење на здив и вртоглавица.
Семејството на Hemad, ги зачувало матичните клетки од својот новороден син Abdullah, со цел да го подобрат животот на својот постар син. Трансплантацијата на матични клетки во лекување на крвни заболувања е единствениот начин на лекување на српеста анемија, при што ефектот е јасно воочлив и кај деца и кај возрасни.
Трансплантациите на крвни клетки помеѓу браќа и сестри имаат уште поголема стапка на успешност, со што резултира со комплетно излекување од болеста кај дури 90% од пациентите.
Hamad подлегнал на трансплантација искористувајќи ги матичните клетки на својот брат во Јуни 2017 година во United States Cincinnati Children’s Hospital Medical Center, каде што колекцијата од матични клетки била складирана и тестирана според строгите AABB и FDA стандарди.
После една година, Hamad е комплетно излекуван од српеста анемија, повторно живееќи здрав живот во Абу Даби.
Референца:
https://lupusnewstoday.com/
https://acrabstracts.org/