COVID-19, бременоста и зачувување на матични клетки од папочна врвца

Додека сите сме обединети во борбата против коронавирусот (COVID-19), постојат многу прашања што произлегуваат од идните мајки за тоа како вирусот може да влијае на бременоста и на зачувувањето на матични клетки од папочната врвца. За да ве заштитиме и информираме, составивме неколку од најчесто поставуваните прашања и одговори на истите.

Важно е да се истакне дека коронавирусот (COVID-19) не е вирусот на грип, иако симптомот и природата на неговото ширење се слични со оние на вирусот на грип. Имајќи го ова предвид, упатството се базира делумно на претходните истражувања околу бременоста и вирусите на грип.

Дали бремените жени имаат поголем ризик да добијат COVID-19?
Клинички совети од Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (АКОГ) укажуваат на тоа дека бремените жени не се изложени на зголемен ризик од COVID-19. Сепак, тие предупредуваат дека бремените жени можат да бидат изложени на ризик од развој на сериозни симптоми доколку заболат од COVID-19. Ова е така зошто промените коишто се случуваат за време на бременоста предизвикуваат ослабување на имунолошкиот систем и поголемо оптоварување на срцето и белите дробови.

Ако сте бремени, треба да следите строги мерки на претпазливост за да избегнете изложување на COVID-19. Ако сте бремени и се сомневате дека имате COVID-19, треба веднаш да се обратите кај вашиот лекар.

Доколку се заразите со COVID-19 за време на бременоста, дали тоа ќе влијае на бебето?
Ако мајката за време на бременоста е сериозно болна, може да има зголемен ризик од спонтан абортус или предвремено породување. Уште еднаш, ако сте бремени и се сомневате дека имате COVID-19, треба веднаш да се обратите кај вашиот лекар.

Дали COVID-19 може да биде пренесен на новороденчето во текот на бременоста?
Во најголем дел од случаите, плацентата претставува бариера која оневозможува пренесување на болести и инфекции од мајката на бебето во утробата. Во широка болничка студија, не била евидентирано пренесување на грипот од мајката на бебето низ плацентата. Во однос на COVID-19, иницијалните студии во Кина предлагаат дека COVID-19 понекогаш може да биде пренесен од мајката на бебето, но потребни се дополнителни студии за тоа да се потврди.

Дали COVID-19 може да се пренесе на новороденчето после раѓањето?
Важно е да се запомни дека COVID-19 може да се пренесе од мајката на бебето после раѓање преку близок контакт. Три новороденчиња развиле благи симптоми на COVID-19, но сите оздравеле во првите две недели од својот живот.

Во вакви ситуации се препорачува мајката да се измолзува, а друг член на семејството да го храни новороденчето и да се грижи за него додека таа оздраве. Се' уште не е потврдено дека COVID-19 може да се пренесе преку млекото на мајката.

Дали може крвта од папочната врвца да содржи COVID-19?
Досегашните студии покажуваат дека крвта од папочна врвца не може да содржи COVID-19, дури и ако мајката се зарази во текот на бременоста. Поради оваа причина, FDA не препорачува тестови за скрининг на крвта за COVID-19, со што ќе ви биде дозволено да зачувувате матични клетки од крвта на вашето дете.

Во една студија за девет породувања во Вухан, Кина, сите девет мајки биле заразени со COVID-19, а нивните бебиња биле породувани со царски рез. Додека бебињата сè уште биле во стерилна оперативна сала, биле земени примероци од нивната амнионска течност и крв од папочна врвца. Сите девет примероци биле тестирани за COVID-19 и сите биле негативни, па затоа мајките не треба да се грижат дали вирусот е присутен во крв или ткиво од папочна врвца.

Дали мајчините антитела обезбедуваат имунитет на бебето?
Бидејќи вашето бебе расте во матката, плацентата е таа која го штити од болести со тоа што им дозволува на мајчините антитела да поминат во крвта на бебето. Бебето го наследува имунолошкиот систем и отпорноста на мајка до околу шест месеци.

Ако мајка имала COVID-19 и се опоравила, таа носи заштитни антитела за кои се покажало дека се пренесуваат на бебето. Една мала студија во Вухан, Кина потврди дека кога 6 мајки кои биле болни со COVID-19 се породиле, кај сите во крвта на нивните бебиња биле детектирани антитела за COVID-19.

Дали COVID-19 е добра причина да се зачува крв од папочна врвца?
Светското ширење и влијанието на коронавирусот ги натера многу родители да бидат посвесни за тоа како да го заштитат идното здравје на нивните деца. Како резултат на тоа, истражувањата за зачувување на матични клетки од крвта на папочната врвца се зголемуваат.

Иако постојат некои рани фази на студии за матични клетки и коронавирус, нема стриктни докази за превентивна врска. Сепак, мотивацијата за зачувување на крв од папочна врвца останува. Ако изберете приватна банка, оваа услуга му дава на вашето дете богат извор на матични клетки кои можат да се зачуваат и складираат за лекување на потенцијални идни болести.

Дали е безбедно да зачувате крв од папочни ткиво или папочно ткиво за време на пандемијата?
Да. Вообичаено мајките редовно се тестираат за болести и заболувања кои можат да влијаат и бидат пренесени на крвта од папочното ткиво или на ткивото при колекцијата при породувањето. Сите банки, приватни или јавни, прават проверка на медицинската историја на клиентите за потенцијален ризик од COVID-19.

Банките за зачувување на матични клетки функционираат нормално. Сепак треба да се обратите кај вашиот доктор, акушерка или болницата за да дознаете кои услуги се достапни во моментот.

Имаме веќе зачувано примероци во банка за зачувавување. Дали примероците се безбедни од контаминација?
Без разлика дали примероците на вашето дете се зачувани во приватна или јавна банка, не постои ризик од контаминација со COVID-19. Повеќето примероци се колектирани и криопрезервирани пред да земе замав пандемијата.

Течниот азот во форма на пареа која го опкружува секој од примероците исто така се верува дека превенира пренесување на вируси ии други контаминенти. За понатамошна претпазливост, јавните банки ги тестираат потенцијалните донори, а приватните банки ги тестираат семејствата кои случуваат нови договори, за да бидат сигурни дека кај нив не постои ризик од COVID-19.

Може ли COVID-19 да се пренесе преку крв од папочна врвца или трансплантација на ткиво?
Нема познати извештаи за пренесување на COVID-19 преку трансплантација. Всушност, нема документирани случаи на респираторни вируси кои се пренесуваат на пациент преку графт при трансплантација, имплант или преку инфузија на клетки или ткива.

Дали матичните клетки од крв на папочна врвца можат да имаат улога во третманот на COVID-19 ?
Крвта и ткивото од папочна врвца се предмет на испитување за да се види дали тие би можеле да се користат за производство на клеточни терапии за борба против COVID-19. Сепак, сè уште нема цврсти докази.

Ветувачки клинички студии се вршат во Азија, Европа и САД, со кои се испитуваат клеточни терапии со мезенхимални стромални клетки (MSC). Овој тип на матични клетки би можеле да им помогнат на пациентите со акутен респираторен дистрес синдром (ARDS), што честопати е фатална компликација како резултат на COVID-19.

Референца:
parentsguidecordblood.org/en/
cord.memberclicks.net/