Дијабетични улкуси на стапало со трансплантирано ткиво на EpiCord

Една нова студија сугерира дека еден ден ткивото од папочната врвца може да се користи за третмани на хронични ,нелекувани улкуси на дијабетично стапало.Epi Cord, дебел мембрански производ добиен од папочната врвца ,а проучен и тестиран како форма за зараснување на рани и лекување на улкуси.

Дијабетесот зафаќа околу 23,1 милиони жители во САД и 4 милиони во Велика Британија. Третманот на пациенти со дијабетес во 2012 година изнесувал 245 милијарди долари а денес таа бројка е зголемена за 41%. Дијабетичните улкуси на стапала завземааат значителен дел од оваа цена,бидејќи го зголемуваат ризикот од инфекција и ампутација.

Во оваа неодамна завршена студија ,научниците ја споредиле безбедноста и ефикасноста на употребата на дехидриран алографт од папочната врвца наспроти стандарната процедура на лекување и зараснување на рани при дијабетско улкусно стапало.Ткивото EPICORD и амнионските течности неодамна беа признати за нивниот лековит и терапевтски потенцијал .Тие содржат многу биолошки соединенија,вклучувајќи колаген ,протеоглукани и хијалуронска киселина кои го поттикнуваат процесот на зараснување на големи рани.

Студијата беше спроведена на 155 пациенти во 11 болнички и приватни клиники во САД во периодот помеѓу Август 2016 и Март 2018.Учесниците на возраст над 18 години со историја на дијабетес тип 1 тип 2 и присуство на DFU беа вклучени да учествуваат.Студијата траеше 18 недели ,вклучителни и 12 - неделна фаза на третман и 4 - неделни тестови за следење.

Во текот на 12- те недели од третманот,101 од пациентите добија неделна примена на EpiCord ,додека 54 биле третирани со стандардна процедура на лекување на раните.После редовното чистење и проверување на раните,70% од случаевите кои биле третирани со ЕpiCord успешно се излечиле целосно во рок од 12 недели.За споредба 48% од случаевите со улкуси кои биле третирани со алгинат биле целосно се излечиле.Понатаму,кај оние учесници кои добиле адекватно отстранување на оштетеното ткиво ,96% од улкусиte кои биле третирани со EpiCord целосно се излечиле во спредба со останатите 48% кои биле третирани со алгинат.

Без негативни несакани ефекти на EpiCord пријавени за време на студијата ,овие резултати покажуваат дека производот од папочната врвца,како што е EpiCord ,може безбедно да се користи за лекување на тешки случаеви на улкуси на дијабетични стапала.

Референца:
http://onlinelibrary.wiley.com/