Laith Abu Areesh

Шеснаесетгодишниот Laith Abu Areesh боледуваше од Фанкониева анемија, заболување кое влијае на способноста на коскената срцевина да продуцира здрави крвни клетки. Состојбата произлегува од генетски дефект во ДНК на Laith и болеста беше дијагностицирана во раното детство. Лекарите рекоа дека неговата најдобра шанса за опоравување е трансплантација на коскена срцевина, но и покрај екстензивните пребарувања во текот на годините не успеале да најдат компатибилен донор.

Новата надеж за Laith пристигна во октомври 2010 година со раѓањето на неговата сестра. Нејзината крв од папочна врвца која содржи голема количина на матични клетки кои се присутни и во коскената срцевина и кои би можеле да се совпаѓаат со нејзиниот болен брат.

Семејството се обрати кон Future Health Biobank, која се наоѓа во Нотингем, Велика Британија и која што е прва најголема и акредитирана банка за матични клетки од папочната крв , која се занимава со колектирање, обработка и зачувување на примерокот . Тестовите откриле дека примерокот на неговата сестра не е само компатибилен, туку е совршено компатибилен со Laith и содржи доволно матични клетки што треба да се користат. Затоа примерокот ќе биде подготвен и ќе се чека време кога состојбата на Laith ќе биде доволно стабилна за неговите лекари да го побарат примерокот за трансплантација.

Кога дојде времето за трансплантација, примерокот беше уредно ослободен од банката за матични клетки Future Health на крајот на април. Трансплантацијата се одржа во неделата на 20 мај во Центарот за рак на King Hussein во Јордан и сe беше добро, но за неколку недели лекарите ќе знаат дали е комплетен успехот. Трансплантацијата ја изврши д-р Ayad Hussein, кој некое време е задолжен за грижата на Laith.

Ние сме среќни што ослободивме примерок за лекување, бидејќи ја прославуваме десеттата годишнина, рече Roger Dainty MBE, извршниот директор на Future Health UK. "Уште од самиот почеток се нарекуваме семеен објект. Примероците што ги држиме може да бидат спас не само за детето на кое им припаѓаат, туку и за нивните браќа и сестри - како во овој случај, но исто така и родителите, па дури и бабите и дедовците. "