Истражувачите од Stowers Institute of Medical Research нашле друг начин за да се прошири/зголеми формирањето на матични клетки од крв од папочна врвца. Откритието го зголемува потенцијалот на поединечна матична клетка во третманот на повеќе состојби.
Во студијата, истражувачите се фокусирале на протеин којшто влијае на способноста на хематопоетските матични клетки да се самообновуваат. Кога функцијата на овој протеин - наречен Ythdf2 - беше привремено намалена, истражувачите забележале зголемена експанзија на хематопоетски матични клетки. Тие исто така забележале дека намалалувањето на нивото на Ythdf2 не ги променило видовите на клетки што биле продуцирани.
Во моментов, матичните клетки од крвта на папочната врвца може да се користат за третман на нарушувања на имунитетот, крвни нарушувања, леукемија и одредени видови на рак. Овие состојби исто така може да се третираат и со матични клетки од коскена срцевина како и со матични клетки од папочна крв, но потешко е да се најде донор на коскена срцевина. Во UK, само 69% од пациентите наоѓаат прифатлив донор на коскена срцевина[1].
За споредба, матичните клетки од папочната врвца имаат поголема шанса да бидат прифатени од поголем број на пациенти. Ова е затоа што има помалку барања за компатибилност отколку за трансплантација на коскена срцевина. Ако истражувањето од Stowers Institute напредува, овие високо ефективни матични клетки би можеле да имаат ефективен третман кон повеќе медицински состојби.
Zhenrui Li, PhD, од University of Kansas Medical Center забележал дека нивниот истражувачки пристап помага да се избегнат постојаните мутации поврзани со ДНК, кои може да доведат до леукемија или рак. Се надеваме дека оваа нова експанзивна техника за матични клетки од папочна врвца може да се примени и на други типови веќе диференцирани матични клетки.
Ова дело претставува чекор напред во демонстрирање на способноста за проширување на можностите на матичните клетки од крв од папочна врвка во лабораторија без крајно диференцирање на клетките во позрели и релативно крвни клетки со краток век на траење. Овие наоди претставуваат голем напредок во оваа област и имаат значителен потенцијал за подобрување на резултатите за илјадници деца и возрасни кои секоја година подлежат на трансплантација на папочна врвца.
Joseph McGuirjk, MD, University of Kansas Health System
Референци:
[1] https://www.anthonynolan.org/facts-and-stats
https://www.stowers.org/