Chris Barr останал парализиран од вратот надоле по повреда на 'рбетниот мозок при сурфање. Подоцна му било понудено да учествува во истражување за терапија со матични клетки кое му го променило животот.
На почетокот нему му биле предвидени 95-97% шанси дека никогаш повеќе нема да му се врати способноста за повторно движење од вратот надоле, при што тој во моментот се чуствувал безнадежно. По една година физикалните терапии на Chris му помогнале да го врати движењето во прстите на нозете и рацете, но овој напредок брзо потоа згаснал. Во тој момент тој бил контактиран од Д-р Mohamad Bydon од Mayo Clinic во Rochester, Minnesota.
Д-р Bydon, истражувач на 'рбетниот мозок, го информирал Chris за нивното најново истражување во Mayo Clinic каде од масното ткиво на пациентите со направена липосукција на слабината можат да бидат изолирани матични клетки, а потоа да бидат инјектирани во 'рбетниот мозок. Chris е еден од десетте пациенти вклучени во студијата.
Покрај првичните неизвесности, Chris и неговата сопруга Debbie биле одлучни и посветени во тоа да направат сѐ за да ја подобрат неговата состојба.
Немам апсолутно што да изгубам... Навистина, ова е единствената причина зошто се согласив на вакво нешто. Видете - јас навистина се чуствувам благословен што имам шанса да учествувам во нешто вакво.
Откако Д-р Bydon ја изведе терапијата со матични клетки на 'рбетниот мозок на Chris, брзо потоа тој почна да ги чуствува нозете, рацете и изнендаувачки почна да се движи во континуирани интервали.
Бидејќи истражувањето на Д-р Byron во Mayo Clinic сѐ уште се наоѓа во Фаза 1 од клинички истражувања и ефектот кај пациентите е променлив, случајот на Chris претставува чекор поблиску до лекувањето на парализа и повреди на 'рбетниот мозок.

