Неименуваниот пациент од Лондон третиран со матични клетки за Хочкин лимфома внесе надеж кај 37 милиони луѓе кои моментално живеат со ХИВ.
Истражувањата во Велика Британија потврдија дека пациент од Лондон е во ремисија од ХИВ и канцер по успешна трансплантација со матични клетки.
Откако бил дијагностициран со ХИВ во 2003 година, пациентот развил агресивен тип на канцер - Хочкин лимфома - во 2012 година. По проследени хемотерапија и радиотерапија тој се согласил на третман со матични клетки во 2016 година.
Од тогаш, неговиот напредок е мониториран во последните 18 месеци и сега е потврдено дека “нема трага“ од ХИВ и тој останува во ремисија за двете болести.
Докторот го опишал пациентот како “функционално излекуван“ и “во ремисија“, но истакнал дека “прерано е да се каже дека тој е излекуван“.
Медицинските експерти резулататите ги карактеризираат како “ветувачки“ и се надеваат дека овој случај ќе продолжи да напредува како случајот со берлинскиот пациент.
Кој е берлинскиот пациент?
Timothy Ray Brown, познат како “берлинскиот пациент“ е првиот познат случај кој бил излекуван од ХИВ по успешна терапија со матични клетки во 2007 година. Уште од првиот ден по трансплантацијата, па се до денес, тој е ХИВ негативен веќе 12 години.
Успехот на третманот кај лондонскиот пациент покажува дека исходот кај пациентот од Берлин не може да се смета за необична појава.

