Матичните клетки во нова студија ја подобруваат состојбата на мултипна склероза

Мала клиничка студија покажала дека, кога пациенти со мултипна склероза примиле хемотерапија со донирани матични клетки, мнозинството покажале подобрувања во квалитетот на нивниот живот.

Возбудливата нова студија е објавена овој месец и беше изведена на 110 пациенти со релапс мултипна склероза во период од 11 години. Споредувани се две групи: на едните им е дадена стандардна боест-модификувачка терапија (DMT), на другите им е дадена хемотерапија со донирани хематоетски матични клетки (HSCT).

После евалуацијата на првата и петата година, истражувачите откриле дека 34 пациенти третирани со DMT демонстрирале прогресија на болеста, наспрема само 3 пациенти од групата HSCT. Во првата година резултатот од скалата за оцена на проширување на инвалидитетот покажал подобрување на пациентите од HSCT групата, наспрем DMT групата.
Еден учесник во студијата, 28 годишната Аманда и била дадена терапија со матични клетки:

Звучи толку драматично, но третманот ми го врати животот назад... Искрено не ги очекував сите овие подобрувања. Започнав со терапија со мислата, ,, Доколку не се влоши од оваа состојба, тоа би било ок''. Така што сите подобрувања беа тотално неочекувани но пријатни изненадувања.

Пред терапијата, Аманда беше сериозно погодена од нејзината мултипна склероза. Неможеше да работи целосно работно време, имаше проблеми со бешиката и зависеше од помагало за движење. Како и да е само една година по терапијата со сопствени матични клетки, таа примети извонредни подобрувања. Веќе не страдаше од проблемите со бешиката, вртоглавица, вкочанетост во екстремитетите, нетолеранција на топлина и нервна болка.

11 години подоцна Аманда работи со целосно работно време како наставничка во САД. Таа е дури во можност да спортува и нема потреба од лекови за мултипна склероза.

Најдобар доказ во споредба со стандардната терапија е овој... Ова е еден од првите делови кои го докажуваат тоа, ДА, пациентите кои имаат агресивна мултипна склероза се чуствуваат многу подобро после терапија со HSCT наспрем стандардната терапија.

- Harry Atkins, Ottawa Hospital

Без двоумење резултатите од ова прелиминарно клиничко испитување се импресивни. Како и да е студијата има свои лимити, и е само докажана кај пациенти со помала инциденца повторно повторувачка мултипна склероза. Подетално истражување и клинички тестирања ќе бидат потребни за да се отвори можноста за поширока употреба на терапијата со матични клетки за мултипна склероза.

Референци:
jamanetwork.com/
www.vox.com/