Матични клетки од папочна врвца може да превенираат отфрлање на трансплантот при трансплантација на црн дроб

Една пилот студија сугерира дека мезенхималните матични клетки од ткивото на папочната врвца можат да помогнат да се превенира отфрлањето на црниот дроб при трансплантација

Студијата е објавена во STEM CELLS TRANSITIONAL MEDICINE на крајот на ноември 2017 година. Искористени се мезенхимални матични клетки од ткивото на папочната врвца, кои можат да се диференцираат во повеќе други типови на клетки.

Резултирачките податоци покажаа дека UC-MCS би можеле да го прекинат ,,акутното префрлање на трансплантираниот црн дроб кај 14 пациенти,,преку искористување на имунолошкиот систем за да го прифатат трансплантантот.Нема забележани несакани ефекти.Оттука извештајот заклучува дека по понатамошни испитувања UC-MSCs можат да се користат за да се намалат стапките на отфрлање-одбивање.

Оваа студија имаше за цел да ја процени безбедноста и клиничката изводливост на терапијата со мезенхималните матични клетки од папочната врвца кај пациенти со трансплантација на црниот дроб со акутно отфрлање на графтот. Не се забележани компликации или несакани ефекти.UC-MSC може да го намали оштетувањето на црниот дроб и да ја подобри хистологијата на алографот.Понатаму ,периферната фреквенција на регулаторните Т-клетки (Tregs),односот на Treg / T helper 17 (Th17)и нивоата на серумскиот трансформирачки фактор за раст бета 1 и простагландин

Е2 биле значително зголемени по UC-MSC трансфузија.Минг

Референца:
http://onlinelibrary.wiley.com/