Hamad е 8-годишно момче од Арапските Емирати (UAE), кое било боледувало од српеста анемија. По искористувањето на матичните клетки од својот помлад брат, тој бил успешно излекуван. Третманот со матични клетки кој на ова момче му го променил животот, само го докажува значењето на зачувувањето на матични клетки од Вашето дете на самиот ден на раѓање за нивно потенцијално понатамошно искористување.
Акутна миелоидна леукемија (AML) е распространет вид на рак кај постарите лица.Во моментов се третира со интензивна хемотерапија и форми на подршка што резултира кај 40-60 % од пациентите со целосно повлекување на симптомите на болеста; елиминирање на знаците од рак.Сепак кај поголем дел од пациентите болеста се повторува, што резултира со 5-годишна стапка на преживување од околу 10 %.
Родителите на 4 годишниот Апартим Деј Синња од Колката, Индија зачувале матични клетки од крвта од папочната врвца при неговото раѓање. Тие сега ги користат истите во клиничко испитување за помош при третирање на неговиот аутизам.
Пет годишната Сун Лексуан, од Кина, е критично заболена од апластична анемија-ретко нарушување на крвта. Нејзините родители донеле одлука да ја зачнат нејзината помлада сестра, Сун Јивеи, со цел нејзината крв од папочната врвца да се искористи за третман на апластичната анемија
Нова и уникатна студија од страна на Stem Cells Translational Medicine покажува значително подобрување во социјалирање на деца со аутизам кога тие подлегнале на терапија со сопствениматични клетки од папочна врвца.